Оштетени три автобуси и постојка на ЈСП Скопје
Од ЈСП апелираат до граѓаните да прекинат со вандалското однесување по спортски натпревари...

Три автобуси на ЈСП,од кои два двокатни и една постојка спроти основното училиште Tефејуз се оштетени синоќа во дивеењето на хулиганите по фудбалскиот натпревар Србија- Албанија во Белград. Од ЈСП апелираат до граѓаните да прекинат со вандалското однесување по спортски натпревари.
Генералниот директор на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов, прецизира дека е оштетен еден зглобен автобус со број 56 во Сарај на кој му се искршени сите прозорци и внатрешниот ентериер, на два двокатни автобусa во Чаир им се искршени прозорците, а оштетени се и стаклата на автобуската постројка на бул. „Александар Македонски“ во непосредна близина на ОУ „Битолски конгрес“.
„Прес-конференцијата ја држиме на автобуската постојка која е оштетена каде што се искршени стакла со дебелина од 10 милиметри. Ваквите стакла не може да е искршат без пригоден алат и сметаме дека е тоа намерно направено“, рече Николов.
Тој апелираше граѓаните да помогнат во расветлувањето на случаите со уништување на имотот на ЈСП „Скопје“ и за спречување вакви инциденти.
