Обама побара поголеми напори во борбата против еболата

15.10.2014 15:01

Уште една медицинска сестра е тестирана позитивна на ебола во Далас. И таа го лекувала починатиот либериец Томас Данкан, првиот американски пациент. Случајот е објавен брзо откако претседателот Обама побара поголеми напори во борбата против епидемијата.

„Имаме здравствена инфраструктура, систем и поддршка што остава малку можност за епидемија овде. Но и еден случај е премногу. Мора и натаму да правиме се што можеме, особено за заштита на здравствените работници, бидејќи тие се во првите редови на борбата против заразата“, рече Барак Обама, претседател на САД.

По вториот случај, американската јавност се сомнева – две заразени сестри во истата болница што го пушти Томас Данкан на домашно лекување и покрај симптомите на ебола. Медицинскиот персонал обвинува – нема ниту протокол ниту обука.

„Многу се зборува за тоа како се заразиле нашите колешки, но јасно е дека дошло до пренос во некој момент од лекувањето на господин Данкан. Можеби можеше да сториме нешто поинаку, но никој не сака ова да се реши повеќе од нашата болница“, рече д-р Даниел Варга, претставник на здравствените власти во Тексас.

Двете медицински сестри се во карантин и за сега во добра состојба. Во САД под надзор се 48 луѓе. По Светската здравствена организација, и ОН предупредуваат дека човештвото е на работ на пандемија од невидени размери.

„Многу ме загрижува тоа што сите комбинирани напори не се ни од далеку доволни да ја запрат еболата. Заразата се здоби со предност и е далеку пред нас. Трча побрзо и победува во трката“, рече Ентони Банбури, УНМЕЕР.

Синоќа СЗО објави дека од ебола веќе починале 4.447 луѓе, а заразени се уште 9 илјади. Стапката на смртност е 70 % и доколку не се вложат поголеми напори, за 2 месеци можеме да очекуваме и по 10 илјади новозаразени секоја недела.