Иванов во Женева

Радикалниот екстремизам во фокус на традиционалниот форум „Кран Монтана“

15.10.2014 15:13

Што треба да преземе регионот ако се има предвид дека многумина од балканските земји се дел од паравоените формации на Блискиот исток?

Како до посилна национална и глобална безбедност. Радикалниот екстремизам ја одреди точката за дебата на традиционалниот форум „Кран Монтана“ што годинава се одржува во Женева.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е учесник на сесијата за Балканот. Што треба да преземе регионот ако се има предвид дека многумина од балканските земји се дел од паравоените формации на Блискиот исток?

Ќе се слушнат и ставовите на црногорскиот шеф на државата, Филип Вујановиќ, на Бакир Изетбеговиќ од БиХ, како и на поранешниот албански премиер, Сали Бериша.

Шефот на Македонската држава во Берн се среќава и со негиовиот домаќин, претседателот на Швајцарската Конфедерација, Дидие Буркхалтер.

На агендата на претседателот Ѓорге Иванов е и состанок со Високиот комесар за човекови права на ОН, Ал Хусеин, како и средба со македонската дијаспора во Швајцарија.

 

Стојан Трпчевски, специјален дописник од Женева за МРТ