Осветлен влезот во Гостивар
Со осветлување на потегот од патарината кон влезот на Гостивар Јавното претпријатие за државни патишта продолжува со осветлувањето на автопатиштата, магистралите и клучките во земјава. Оваа година до сега е поставено осветлување во вкупна должина од околу 9 километри со инвестирани 31 милион денари.

Засветка осветлувањето од наплатната рампа кон влезот на Гостивар. Осветлени се 900 метри, а инвестицијата е околу 3,2 милиони денари. Со ова завршена е првата фаза од проектот.
„Тоа е првата фаза, а следната година ќе продолжиме со дополнително осветлување кон градот. Оваа клучка, според владината програма, требаше да биде готово во 2015 година, меѓутоа, како што гледате, ја завршивме пред време. Така и ќе продолжиме со осветлување клучки кои не се зацртани за годинава“, изјави Љупчо Георгиевски – Директор на ЈП за државни патишта.
Минатата година беа осветлени 20,5 километри автопатишта, магистрали, клучки и тунели во вредност од 2,4 милиони евра.
Од почетокот на годинава осветлени се околу 9 километри со инвестициоја од околу 31 милиони денари.
На почетокот на годинава беа осветлени клучките на влезовите во Прилеп, Тетово – Југ, клучката пред Штип и крстосницата пред Вевчани.
За да се подобри безбедноста во сообраќајот, Јавното претпријатие за државни патишта од минатата година активно работи на осветлување на автопатиштата, магистралите и клучките кај градовите.
Зоран Јовановски
