ЕК со пофалба до властите во Белград за успешното справување со ситуацијата на фудбалскиот натпревар
Европската Комисија изрази разочараност поради прекинот на фудбалскиот натпревар во Белград и упати пофалба за српските власти кои успешно се справија со ситуација. Синоќешниот скандал беше една од темите на денешната прес конференција во Брисел. Европската Унија се одзва на прозивките за наводната вмешаност во ситуацијата.

„Тоа што е исто така важно, е дека, ги негираме сите сугестии наведени во некои од српските медиуми дека Европската Унија имала било каква улога во ова, и сметаме дека политиката не треба да се вовлекува во вакви ситуации“, Маја Коцијанциц, портпарол за надворешна политика на ЕУ и безбедност.
Коцијанциц ја потенцираше важноста од регионалната соработка, а во тој контекст е и најавената посета на албанскиот премиер Еди Рама во Белград на крајот од месецов.
Марина Стојанова Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ