Грчки медиуми: Детали за идниот предлог на Нимиц објавени во весник близок на СДСМ

15.10.2014 16:36

Медијаторот Метју Нимиц сеуште нема доставено нов предлог за надминување на разликата со името ниту до македонската ниту пак до грчката страна. Ова го пишува денешен Катимерини додавајќи дека според дипломатски извори, медијаторот новата рунда разговори ќе ја закаже за крајот на октомври.

Веста за новиот предлог на Нимиц се актуелизира во Грција откако грчките медиуми ја пренесоа информацијата на еден македонски дневен весник кој што повикувајќи се на свои извори објави детали од наводниот иден предлог на Нимиц.

Според весникот, новиот пакет идеи на Нимиц предвидувал нашата земја да се нарекува Република Горна Македонија, јазикот Македонски, а народот да се именува како граѓани на Горна Македонија.

Грчките медиуми информираат дека поголемиот дел од македонските портали што ја преносоа информацијата од овој денвен весник, вклучувајќи го и него, се блиски до опозициската СДСМ.

Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина