Објавени прашањата за екстерно тестирање

26.12.2013 15:31

Прашањата за екстерно тестирање на учениците во последната година од средното образование, од вчера се достапни на www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.  

Системот е достапен на македонски, албански и турски јазик, има опции за гимназиско или стручно образование, избор на насока (во полето „наставен план“) и сите предмети од соодветната насока (во полето „наставен предмет“).  Прашањата се поставени во PDF формат и може да се преземат од веб страната.

Сите забелешки во однос на потенцијални неправилности или нелогичности во прашањата треба да се пријават до 10-ти јануари и истите ќе бидат разгледани и коригирани од стручени тим.

На 22-ри и 24-ти јануари ќе полагаат учениците од завршните години на средното образование, а останатите ученици ќе бидат тестирани пред крајот на учебната година.