Расчистен еден случај за демолирање на автобус
Од МВР информираат дека е расчистен едниот случај на дивеење во градски автобус.
20 годишен кочанчанец, кој студира во Скопје, синоќа го искршил стаклото на автобусот 57, кој сообраќал од Козле до Радишани. Полицијата го идентификувала и во полициска станица тој го признал делото. Причината не ја посочил. Бил во автобусот и околу 23 часот кога стигнале на улицата Цветан Димов, наеднаш почнал да удира по стаклото и го искршил. ЈСП ќе го гони за предизвиканата штета.
Од МВР информираат дека се работи на расчистување и на вториот слчај, исто така на автобус на ЈСП.