Вучиќ за фудбалскиот инцидент: Најтешка политичка провокација која имаше три цели
Прекинатиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград не претставува само безбедоносен инцидент, тој доведе и до дипломатски скандал. Како што објави РТС, повикувајќи се на српската полиција, братот на албанскиот премиер Орфи Рама синоќа за време на прекин на натпреварот бил приведен на информативен разговор во ВИП ложата на Партизан, под сомнение дека го раководел и организирал инцидентот со знамето на Голема Албанија. Кај него-како што сопштуваат медиумите, бил пронајден далечинскиот управувач со кој го контролирал дронот со знамето.

Прекинатиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград не претставува само безбедоносен инцидент, тој доведе и до дипломатски скандал. Како што објави РТС, повикувајќи се на српската полиција, братот на албанскиот премиер Орфи Рама синоќа за време на прекин на натпреварот бил приведен на информативен разговор во ВИП ложата на Партизан, под сомнение дека го раководел и организирал инцидентот со знамето на Голема Албанија. Кај него-како што сопштуваат медиумите, бил пронајден далечинскиот управувач со кој го контролирал дронот со знамето. Како американски државјанин, Рама бил пуштен за Тирана-од каде сето ова го демантирал.
Се огласи и премиерот Александар Вучиќ, кој изјави дека сето ова е смислена акција.
„Она што синоќа се случи е најтешката политичка провокација која имаше 3 цели. Прва е обидот за понижување на српскиот народ, втора цел е предизвикување на долгорочна нестабилност во регионот, особено во Србија и трета е нешто што има врска со дневно-политичките прилики“, рече Александар Вучиќ, премиер на Србија.
Вучиќ 3 часа пред натпреварот ги предупредил преставниците на ЕУ дека се подготвува провокација. Албанскиот премиерот Еди Рама пак на социјалните мрежи инцидентот го оцени како „срамна страна на соседот -на фудбалско поле против албанската репрезентација“.
Политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ за РТС констатираше дека „режисери“ се некои западни центри на моќ кои имале намера да ја спречат утрешната посета на рускиот претседател Путин.
„Не се работи за случаен инцидент, туку сето ова е систематично испланирано, за да се осуети посетата на Путин и да се дестабилизира Србија.“
Покрај Путин, следната недела во Белград-после 70 години треба да пристигне и албанскиот премиер Еди Рама. Медиумите ја пренесоа веста дека во Албанија и покрај барањата, Рама нема да ја откаже посетата на Белград. Политички тензии околу натпреварот дополнително се зајакнати со вестите за судири меѓу србите и албанците во неколку европски градови, на Косово и за славењето во Тирана. Реакцијата на УЕФА-веќе е во втор план.
Ова е црквата, од каде дронот со знамето долета до теренот каде се играше натпреварот, кој предизвика инцидент и тепачка меѓу играчите и поедини навијачи, по што натпреварот е прекинат.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ
