Изненадувачки пораз на шампионот на стартот од домашното првенство

МЗТ Скопје загуби од Фени, Сагадин доби отказ!

15.10.2014 23:10

Трикратниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром од оваа сезона, покрај настапите низ Јадранот, првпат ќе едри и низ домашните простори. Но, паралелната пловидба ќе му биде сериозен проблем, барем ако се суди по уводниот натпревар во домашното првенство, во коешто Аеродромци мораат да играат уште од почеток, бидејќи не се дел од второ меѓународно натпреварување покрај АБА.

Но, не само тоа. МЗТ уште на средината на октомври ќе има и нов тренер. Словенецот Змаго Сагадин добил отказ откако последниот тим којшто го имаше приматот во македонски рамки пред тригодишната доминација, Фени Индустри, изненадувачки триуфмираше во Скопје со 80-73. Со што стана првата екипа којашто си заминала со цел плен од новата арена „Јане Сандански“.

Кавадарчани беа подобар противник на теренот и заслужено се радуваа, откако водеа во целиот тек на натпреварот. Гајовиќ беше најдобар играч на Фени со 15 поени и 11 скока, Амонс и Самарџиев постигнаа по 14, Караџовски 11, а Симиќ 10 поени. За нијанса подобри од другите кај МЗТ Скопје беа Маринковиќ со 17 и Моровиќ со 16 постигнати коша. Поради повреда не настапи Грузиецот Цинцадзе, а куриозитет е што меѓу стрелците не се впиша ниту еден македонски играч. Сите поени ги дадоа интернационалците.

Ако се знае дека во неделата доживеа дебакл кај Будуќност во Подгорица, за тоа дали шампионот зафати лош курс уште во раната фаза од сезоната, прецизен сигнал ќе биде саботниот меч со Солнок од четвртото коло во АБА Лигата.