Законска можност за окрупнување на земјоделско земјиште
16.10.2014 10:11
Во Mакедонија преовладуваат мали земјоделски имоти, со неправилна форма, лоша инфраструктура и системи за наводнување. Окрупнувањето или размената на парцелите сега и законски се овозможува...

Окрупнување на земјоделското земјиште може да биде по две основи. По службена должност,или по барање на најмалку 70 проценти од сопствениците на површината.
Окрупнетото земјиште не ќе може да биде предмет на физичка делба меѓу сопствениците.
Целта е да има поголеми парцели со правилна форма, подобара инфраструктура и системи за наводнување.
Поголемите површини овозможуваат примена на модерни методи и технологии, намалување на трошоците на производството, а со тоа и зголемени приходи и продуктивност на земјоделците.
Методија Трајков
