Дојран: Стари објекти ќе станат модерни хотелски комплекси
Дојран се подготвува за идните летни сезони со нови хотелски комплекси. Се врши реновирање на неколку стари згради кои ќе станат хотели, а се градат и други инфраструктурни и угостителски објекти...

Дојран продава стари објекти за пренамена во хотелски комплекси и угостителски објекти. Локалните власти планиираат во Старата касарна да се гради поголем хотелски комплекс. Објектот се продава за 115 илјади евра, а треба да биде готов за три години по продажбата. Паралелно со ова, и на самото крајбрежје на познатиот Златен брег се продава напуштен објект за негова пренамена во угостителски капацитет.
„Интерес постои и веруваме дека за неколку години, за една до две години ќе имаме и нови хотели, и објекти за сметување, но и угостителски комплекси“, вели Борче Стамов, градоначалник на Дојран.
Локалните власти информираат дека распишан е оглас и за изградба на бензиска станица во близина на грчката граница. Зголемувањето на туристичката понуда може да го направи поатрактивен за гостите кои и есента ја минуваат тука.
Годинешната летна сезона Дојран впиша нов рекорд од 175 илјади ноќевања, со што во локалниот буџет се слеаја 1.800.000 денари.
Катерина Давчева
