Аерозагадувањето со загрижувачки вредности

16.10.2014 11:08

Мерните станици покажуваат најзагадено е во Лисиче. Втора по аерозагадување е мерната станица Гази Баба. Загадени се и Центар и Тетово...

Грејната сезона почна. Воздухот во Скопје екстремно загаден- опасен за здравјето. Со часовни вредности на ситните честички до 1.000 микрограми на кубен метар воздух, што е за фрапантни 20 пати повеќе над максимално дозволените граници за заштита на човековото здравје.

Мерните станици покажуваат  најзагадено е во Лисиче. Втора по аерозагадување е мерната станица Гази Баба. Загадени се и Центар и Тетово. Веќе неколку дена аерозагадувањето достигнува загрижувачки вредности, сеуште нема состаночено работната група која треба да го следи аерозагадувањето и да одреди кога и какви мерки ќе се преземат.

Денес се очекува министерот за животна средина да да говори за претстојните мерки, за задачите што ги има локалната самоуправа и за големите загадувачи, како „Макстил“, на кои продолжениот рок за еколошко приспособување им истекува на 31 октомври.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.