Обама: Итни мерки против еболата

16.10.2014 11:17

Итните мерки се резултат на второто инфицирање на американски здравствен работник на американско тло...

Американскиот претседател Барак Обама ги откажа планираните патувања за Њу Џерси и Конектикат и го свика кабинетот на разговори за превентивна стратегија против еболата.

Итните мерки се резултат на второто инфицирање на американски здравствен работник на американско тло.

Советот за безбедност на Обединетите Нации соопшти дека е неопходна итна акција против еболата или во спротивно светот ќе се соочи со ситуација без преседан за која нема да постои соодветен план.

Еболата, од која досега починале над 4 илјади луѓе, како што се наведува, претставува голема закана за меѓународната безбедност.