Путин пристигна во Белград, мерките за безбедност на највисоко ниво!

16.10.2014 13:10

Невидено обезбедување во главниот град на Србија. Еден од светските моќници рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград каде што ќе присуствува на воената парада посветена 70 годишнината од ослободувањето на градот од црвената армија и партизанските единици...

Трета официјална посета на рускиот претседател Владимир Путин на Србија, овојпат по повод 70 години од ослободувањњето на Белград. Со големи мерки на безбедност, Рускиот претседател околу пладне слета во Белград, по што се очекува да има официјални средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.

Како што е највено, на средбите ќе се разговара за економската соработка, теми од областа на енергетиката-пред се за „Јужен тек“ и проширување на безцаринскиот извоз на Србија во Русија.

Предвидено е потпишувања на 7 меѓудржавни договори, по што рускиот претседател ќе присуствува на големата воена парада во чест на ослободувањето на Белград.

За посетата на Путин во Белград владее големо медиумско интересирање, за што говори податокоте дека за оваа посета се акредитирани околу 1.000 новинари, сниматели и ТВ екипи од целиот свет, меѓу кои е и Македонската Телевизија.

Оливер Бранковиќ