Пентагон: Кобане сеуште во опасност да биде заземен од ИДИЛ

16.10.2014 13:46

Неколку стотици џихадисти се убени во американските воздушни напади во Кобане, но се уште постои опасност овој пограничен сириски град да биде заземен од Исламска држава, велат од Пентагон, додавајќи дека тие отворено изјавуваат дека Кобане е многу значаен за нив и ќе продолжат да испраќаат борци во тој регион.

Според последните податоци, сега Исламска држава контролира само 20 проценти од градот, но курдските борци бараат засилување на воената помош од меѓународната коалиција.