Изаири: 31-ви октомври краен рок за поставуање филтри за Макстил и Југохром

16.10.2014 13:53

И додека во Макстил се гради филтер станицата од 10 милиони евра, во Југохром се уште нема најави за вакви системи...

31-ви октомври е крајниот рок за Макстил и Југохром Јегуновце за поставување филтри за пречистување на загадениот воздух од овие фабрики, најави ресорниот министер Изаири.

И додека во Макстил се гради филтер станицата од 10 милиони евра, во Југохром се уште нема најави за вакви системи.

„Југохром од хумана гледна точка за вработените, но и за целиот регион би било препорачливо сами да престанат додека не ги исполнат еколошките услови. Доколку не ги исполнат условите, на 31-ви октомври ќе мора да постапиме согласно законот, за што сме и тука за да ги почитуваме законите и Уставот, а законот вели без дозвола понатаму не може да работи“, подвлече министерот за животна средина Нурхан Изаири.

Покрај индустриските загадувачи, тој нагласи дека голема улога во аерозагадувањето има и возниот парк, односно издувните гасови од автомобилите, начинот на греење на домаќинствата и градежништвото. Според некои анализи, една третина од загадувачите се од индустриско потекло.