Унгарски бизнисмени заинтересирани за инвестиции во Општина Илинден

16.10.2014 13:59

Денеска 15 унгарски бизнисмени учествуваа на бизнис форумот во Илинден и се запознаа со можностите и поволностите за инвестирање во општината...

Општината Илинден станува се поатрактивна дестинација за инвестирање. Досега 110 домашни и странски компании отвориле бизнис во Илинден. Следен предизвик е носењето унгарски фирми од автомобилскиот сектор кои се заинтересирани да бидат дел од домашната автомобилска индустрија лоцирана во Бунарџик.

Денеска 15 унгарски бизнисмени учествуваа на бизнис форумот во Илинден и се запознаа со можностите и поволностите за инвестирање во општината.

Им беше презентирана стратегијата на Општина Илинден за привлекување на што поголем број компании кои што би инвестирале на нејзина територија, со единствена цел отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, како во Општината, така и во регионот.

Стопанствениците од двете земји  ја искористија средбата за меѓусебно запознавање, размена на информации и искуства со цел остварување на бизнис соработка.