Кошаркарскиот шампион брзо најде наследник на Змаго Сагадин

Врбица Стефанов – тренер на МЗТ Скопје

16.10.2014 14:05

Врбица Стефанов е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром !

Трикратниот македонски кошаркарски првак ја назначи легендата на нашата клупска и репрезентативна кошарка за наследник на Словенецот Змаго Сагадин, којшто синоќа доби отказ по неочекуваниот пораз од Фени Индустри во Скопје на стартот од домашниот шампионат.

Управата на „Аеродромци“ реши да му ја даде на Стефанов одговорната задача да го консолидира тимот по лошиот почеток на сезоната со три порази во четирите одиграни официјални натпревари. Под водство на Сагадин во АБА Лигата го победи само Задар, загуби од Мега Визура и од Будуќност, а во лошиот резултатски биланс покрај киксот против Фени Индустри влегуваат и низата порази во подготвителниот период. Токму тие беа првиот сигнал дека транзицискиот период во МЗТ Скопје по заминувањето на неколкумина носители на играта нема да тече така мазно.

Ова ќе биде првиот сериозен тренерски ангажман во кариерата за Врбица Стефанов, којшто во минатиот период беше спортски директор во клубот, а потоа и тренер на младинците. На клупата ќе дебитира в сабота против Солнок, во четвртото коло од АБА Лигата.