Исчезнуваат новогодишните честитки

26.12.2013 17:01

Традицијата на класичното честитање на празниците со креативен текст рачно испишан на новогодишна честитка, исцртани снегулки, елки во духот на новогодишното расположение, години наназад полека се гаси. Иако има добар избор на честитки ги купуваат мал број граѓани и тоа од повозрасната категорија обично за дечињата. Најголем дел од нив разгледуваат од љубопитност и си заминуваат, затоа во индина нема ни да ги набавуваме се жалат продавачите.

Но има и такви кои останале верни на ова добра стара навика.Велат дека и покрај тоа што се нудат други модерни начини да се посака среќен празник, сепак,личната божикна честитка е нешто посебно токму во ова дигитално време на масовни електронски мејлови и СМС пораки.

Во западните држави испраќањето писма , реазгледници и честитки е задржана и кулминира пред божиќ кога масовно се купуваат честитите.Кај нас Агенцијата за пошта преку промоција за убаво пишување и испраќање писма ќе ги анимира младите повеќе да го користат класичното пишување за сметка на комјутерите и телефоните.

Габриела Димковиќ