Николиќ: На Русија гледаме како на голем пријател

16.10.2014 14:58

Претседателот на Русија Владимир Путин точно напладне пристигна во Сбија. На Аеродромот Никола Тесла со највисоки почести беше пречекан од домаќинот - српскиот претседател Томислав Николиќ. Двајцата претседатели потоа се упатија кон гробиштата на Ослободителите на Белград кадешто оддадоа почит на српските и руските борци кои загинаа при ослободувањето на Белград во втората светска војна, по што се потпишаа и во спомен книгата. Оттука Николиќ и Путин се упатија кон Палатата Србија каде што На рускиот претседател му беше приреден свечен дочек.

Претседателот на Русија Владимир Путин точно напладне пристигна во Сбија. На Аеродромот Никола Тесла со највисоки почести беше пречекан од домаќинот - српскиот претседател Томислав Николиќ. Двајцата претседатели потоа се упатија кон гробиштата на Ослободителите на Белград кадешто оддадоа почит на српските и руските борци кои загинаа при ослободувањето на Белград во втората светска војна, по што се потпишаа и во спомен книгата. Оттука Николиќ и Путин се упатија кон Палатата Србија каде што На рускиот претседател му беше приреден свечен дочек. По интонирањето на химнитена Путин му беше претставена српската делегација во која се премиерот Вучиќ, претседателката  на Собранието Гојковиќ, шефот на дипломатијата Дачиќ. Во руската делегација пак се министерот за енергетика Новак, претседателот на ИО на Гаспром Милер и министерот за вонредни состојби Пучков и шефот на  Службата за безбедност Беседа. Српскиот претседател Николиќ на почетокот на средбата истакнал  дека односите мегу  две земји се развиваат се поуспешно.

„Во денешно време во светот стана модерно пријателствотот да се мери со трговската размена. Ние поинаку гледаме на тоа и Србија денеска нема непријатели но имаме мали и големи пријатели. На Руската федерација гледаме како на голем пријател“,  рекол Николиќ.

Николиќ му заблагодарил на Путин за непризнавањето на Косово. А Рускиот претседател порачал дека во прашање е принципиелна позиција на Москва, по ова прашање.  Путин ќе присуствува на  воената парада  која почнува во 15 и 30  на Ушче. Се очекува да се потпишат и повеке спогодби. Посетата на Путин на Белград ја следат илјада новинари од 170 медиумски куќи од Србија и од странство. По Беград следна дестинација на Путин е Милано каде тој ќе учествува на дводневниот Самит ЕУ – Азиски земји.

Лидија Чакар