Стартуваше европската НБА!
15-та сезона во модерната ера на најквалитетното европско клупско натпреварување ќе понуди интересна кошарка. Неколку екипи ќе конкурираат за титулата во Евролигата или во 58-то издание на елитната конкуренција.

15-та сезона во модерната ера на најквалитетното европско клупско натпреварување ќе понуди интересна кошарка. Неколку екипи ќе конкурираат за титулата во Евролигата или во 58-то издание на елитната конкуренција.
Форматот не се менува, 24 екипи поделени во шест групи. Од секоја по четири најдобри тима ќе обезбедат влез во Топ 16 фазата. Титулата ја брани Макаби Тел Авив, Шпанија има најмногу преставници – пет, вклучувајќи ја и Валенсија која како освојувач на Еврокупот обезбеди место во највалитетното друштво. Низ квалификациите на најдобрите им се придружи Уникс, додека специјални покани за учество во Евролигата добија, германска Алба Берлин на единствениот македонски преставник Војдан Стојановски, потоа италијански Сасари и Црвена Звезда од Србија, како замена за шампионот на АБА лигата, Цибона.
Сезоната стартуваше со сигурната победа на Лаборал Куча против Нептунас со 88:69. Баскијците немаа проблеми против дебитантот од Литванија, благодарение на некогашниот крилен кошаркар на Партизан, Давис Бертанс кој постигна 20 поени и на францускиот плејмејкер, Томас Ертел кој реализираше 13 кошеви, 10 асистенции, 4 украдени топки и 3 скока. Во истата група Д, денеска во „Белградска Арена’ ќе играат Црвена Звезда – Галатасарај, додека утре Валенсија ќе го пречека Олимпијакос.
Во конкуренцијата А, денеска ќе се соочат Ефес – Уникс, а утре Реал Мадрид – Жалгирис и Нижњи Новгород – Динамо Сасари.
Сегменот Б содржи два меча, Цедевита – Уникаха и Макаби – Лимож, додека за в петок е закажан дуелот Алба Берлин – ЦСКА Москва.
Сите три натправри во групата Ц ќе се одиграат утре и тоа: Панатинаикос – Туров, Фенербахче – Е. А. Милано и Барселона – Баерн Минхен.
