Кире Лазаров со Барса до рекорд
Шпанскиот ракометен гигант Барселона впиша уште еден рекорд во АСОБАЛ лигата. Екипата во која втора сезона успешно настапува најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, по славјето од 42-29 над Хуеска синоќа, ја потцрта 38-та последовна победа.
Триумфалната серија во шпанската ракометна елита која каталонците ја отворија во сезоната 2012/2013 со победата против Гвадалахара, е подолга од претходните рекордни низи во сезоните 2009/2010 и 2010/2011-та.

Нашиот репрезентативец е цврста алка во синџирот на тренерот Чави Пасквал кој со Барселона во новото првенство нанижа седум победи и е на добар пат рекордот да трае долго.