Распределени возните линии за меѓуопштински и меѓународен превоз
И годинава интересот беше огромен. Стигнале 461 апликлација. Во овие 5 години издадени се речиси 5.000 лиценци...

Превозниците преку електронска лицитација ги добија возните линии. Најбарани се Австрија, Германија, Швајцарија и Италија, а во Македонија тоа се најчесто линиите кои водат од помалите градови кон Скопје. Аплицирањето беше бесплатно. Некои од транспортерите планираат да воведат нови линии.
„Добив линија Скопје- Букурешт, досега никој не возел за Романија“, вели Ѓорги Вчков, сопственик на фирма за превоз на патници.
„Од внатрешноста сите бараат према Скопје, а од Скопје обично кон Дојран или Охрид“, изјави Горан Трпковски, претседател на Здружение на превозници во патниот сообраќај.
И годинава интересот беше огромен. Стигнале 461 апликлација. Во овие 5 години издадени се речиси 5.000 лиценци. Од наредната година ќе може да може да аплицираат превозниците што поседуваат најмалку Еуро 2 возила.
„Со тоа сакаме да го подигнеме квалитетот на превозот, но исто така тоа е и еден чекор плус во делот на заштита на животната средина. Нашиот план е од година во година да го покренуваме еуро- стандардот за да обезбедиме поквалитетен транспорт“, нагласи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Од Државниот инспекторат за транспорт велат дека се подобрува состојбата и за патниците и за превозниците. Се засилуваат мерките против дивите превозници.
„Во тој дел се најголем број од казните што се изрекуваат, има времено и трајно одземање на возилата“, рече директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.
Исто така се планира изградба на нови автобуски станици или да се реконструираат постоечките. Дополнително во наредните 6 месеци сите туристички агенции ќе се поврзат во системот за електронска продажба на билети, со што ќе се оневозможи продажба на еден билет по два пати.
Викторија Тодоровска
