Превентивни прегледи за рано откривање на болести на срце, бубрези и дијабетес
Еден милион и двесте илјади граѓани во наредните две години ќе бидат повикани од матичните лекари на превентивни прегледи. Целта е рано откривање на кардиоваскуларните заболувања, бубрежните и дијабетесот. Во прегледите е опфатено испитување на крв и урина, ЕКГ и мерење на тежината.
-Секое лице ќе добие скенирање на неговата здравствена состојба и идентификување дали треба да внимава во иднина, односно дали има одредени повисоки ризици за заболувања од овие три коишто ќе бидат предмет на анализа или пак е здраво лицето. – изјави Маја Парнарџиева Змејкова- Директор на ФЗОМ

Статистиката покажува дека најмногу луѓе заболуваат од овие болести и за нив има најголеми трошоци во здравствениот систем. Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност. Секое 12-то лице од 100 има бубрежна болест, а секој петти од 100 лица, дијабетес.
-Владата за оваа намена обезбеди околу 20 милиони евра, средства коишто ќе бидат искористени за сервисирање на сите потреби коишто ќе се реализираат во врска со ваквиот тип превентивни програми во наредните две години, значи по 10 милиони евра годишно.- изјави Александар Ѓорѓиев- портпарол на Владата на РМ
Пациентите ќе треба да ја платат редовната партиципација од 70 денари за крвна слика и урина. Вакви превентивни прегледи се прават прв пат во земјава. Со тоа ќе се обезбедат и податоци колку е здрава нашата популација.
Андријана Атанасовска