Буџет за 2015

Зголемување на платите, пензиите и социјалните надоместоци за заштита на животниот стандард

16.10.2014 16:24

Според вицепремиерот Ставрески овој развоен буџет има силна социјална димензија. Во буџетот за социјални трансфери се предвидени 82,645 милијарди денари од кои половината за пензии. 301.660 пензионери од октомври ќе добијат за пет проценти повисоки пензии, а од јули се зголемува и социјалната помош...

Буџетот во 2015 тата и натаму ќе го поддржува стопанството и стандардот на граѓаните. Главни цели ќе бидат капиталните инвестиции и зголемувањето на платите, пензиите и социјалните надоместоци. Според вицепремиерот Ставрески овој развоен буџет има силна социјална димензија. Во буџетот за социјални трансфери се предвидени 82,645 милијарди денари од кои половината за пензии. 301.660 пензионери од октомври ќе добијат за пет проценти повисоки пензии, а од јули се зголемува и социјалната помош.

„Зголемувањето на платите ќе трае во текот на целата година бидејќи ќе почне од оваа. Во јули наредната година почнува зголемувањето на социјалните надоместоци за пет проценти и пензиите за пет проценти во октомври следната година, појасни министерот и додаде дека тоа е продолжување на политиката за заштита на стандардот на пензионерите и примателите на социјалните надоместоци“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Со вкупно 32 милијарди и 859 милиони денари ќе се интензивира инвестирањето во капитални објекти. Ќе се интензивира изградбата на Коридорот 10 за што се предвидени 3 милијарди денари.

„Во буџетот за 2015 година има високо ниво на капитални инвестиции со цел преку реализација на инфраструктурни проекти да обезбедиме ангажман на градежништвото, индустријата што на краток рок ќе ни донесе повисоки стапки на раст, а на долг рок поголема конкурентност на економијата“, рече Ставрески.

Дополнителни 157 милиони евра  се обезбедени од Светска банка за  изградба на патишта и за 145милиони за инвестиции во железничката инфраструктура. Вкупните приходи на предложениот буџет се 163,280 милијарди денари, расходите се проектирани на 181,777 милијарди денари, а дефицитот е  3,5 проценти од БДП. Растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти.

Дијана Ценевска