Путин на Парадата по повод 70 години од ослободувањето на Белград

16.10.2014 17:03

Претседателот на Руската федерација Владимир Путин присуствуваше на Парадата по повод 70 години од ослободувањето на Белград. Учествуваа 4500 припадници на МО и Војската на Србија. Програмата почна со свечена артилериска стрелба и десант на 30 падобранци. Војската на Србија пак учествува со 40 летала. Во воздучниот ешалон се и хеликоптерите тип "газела", М-8 и М-17, ловечко-бомбардерска авијација – авиони "миг 21" и "миг 29", "орел", "супергалеб" и транспортниот авион Ан-26. На парадата беа прикажани и тенковите, оклопните транспортери, хеликоптери, артилеријата и Речната флотила.

Претседателот на Руската федерација Владимир Путин присуствуваше на Парадата по повод 70 години од ослободувањето на Белград. Учествуваа 4500 припадници на МО и Војската на Србија. Програмата почна со свечена артилериска стрелба и десант на 30 падобранци. Војската на Србија пак учествува со 40 летала. Во воздучниот ешалон се и хеликоптерите тип "газела", М-8 и М-17, ловечко-бомбардерска авијација – авиони "миг 21" и "миг 29", "орел", "супергалеб" и транспортниот авион Ан-26. На парадата беа прикажани и тенковите, оклопните транспортери, хеликоптери, артилеријата и Речната флотила. Војска го покажа новото вооружување,  но и техниката што се користи веке три четири децении, како и бројните проекти на домашните експерти што допрва ќе се употребуваат. Парадата заврши со летот на руска акробатска група.

Српски Телеграф пишува дека Путин донесе сонце во Белград. Се случи нешто неверојатно –  иако медиумите со денови најавуваат дека расположението на воената парада ќе биде расипано поради дождот и лошите временски услови сончевото време се задржа до крајот на дефилето. - Дали ова неочекувано разведрување е случајност, поврзано со виша сила или, пак, со напредна воена технологија за разбивање облаци, не се знае, но во воената парада ќе може да се ужива без чадори, наведува Телеграф.

Инаку посетата  на Путин на Белград ја следеа илјада новинари од 170 медиумски куќи од Србија и од странство. Руски РИА новости оценува дека Србија се обидува да балансира мегу ЕУ и Русија. Британски Дејли Телеграф пак прашува зошто земја кандидат за членство во ЕУ му приреди ваков величенствен пречек на рускиот Претседател.

По Белград следна дестинација на Путин е Милано кадешто ќе учествува на дводневниот Самит ЕУ – Азиски земји.

Лидија Чакар