Каде ќе беше Македонија ако не беа пречките за влез во ЕУ?
Македонија чека пред вратите на Брисел. Преговорите никако да ги отвориме, како резултат на наметнатиот спор за името од страна Грција...
Речиси без исклучок пред секој исклучително важен настан за Mакедонија се пласира во јавноста проблемот со името. Се врши притисок за решавање со што се прави услуга на Aтина, но штета на Mакедонија.
Опозициските медиуми ова прашање го подигаат на повисоко ниво дали пред извештај на Eвропската комисија или пак пред Самитот на министри. Тоа го користат и грчките медиуми кој го пренесуваат ставот на македонската опозиција. Професорот Ивица Јосифовиќ вели не смее Грција да е таа која ќе ја притиска Македонија токму во клучните моменти.
„Нормално е дека ваквите ситуации ќе им одговараат не само на опозициските партии, туку ќе и одговара и на Грција. Нормално на Грција и одговара да има поголем притисок врз Македонија, да пристапи кон евентуално решавање на спорот за името, што ние во секој случај сме прифатиле да преговараме“, изјави универзитетскиот професор Ивица Јосифовиќ.
Македонија, да не беше противењето на Грција и блокадите до сега ќе беше во финална фаза со разговорите за членство во Европската Унија- се согласува и министерот за надворешни работи Никола Поповски.
„Фактот дека добра метафора е изреката дека се работи за брод на суво е непобитен факт низ овие години. Секогаш Комисијата препорачувала почеток на преговори, секогаш доаѓало до советот и секогаш знаеме дека не можело да се постигне согласност поради противењето на една држава. Мислам дека добро е илустриран тој пример преку многубројните блокади, дека не е ништо сменето и покрај тоа што Грција во 2009-тата говореше дека многу брзо ќе се реши проблемот со името доколку бидеме блокирани. Шест пати тоа е демантирано“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МРТ.
Контра ставовите и притисокот на сопствената држава единствено одговара на опозицијата која сака да ја искористи ситуацијата. Штетата е нанесена, нон сенс е некому да наложите да менува име. Иако повелбата на Обединетите нации е повеќе од јасна дека секој има право на самоопределување.
Миле А. Ристески
