Нова инвестиција: „Етанол Јуроп“ и „ДуПонт“ во Мариово ќе отворат 1000 директни и уште толку индиректни вработувања
Станува збор за две реномирани компании кои имаат долгогодишно искуство и експертиза на светскиот пазар во хемиската, фармацевтската и земјоделската индустрија, како и во развојот на алтернативни и обновливи извори на гориво...

Нова странска инвестиција во земјава. Попладнево е ставен потпис на меморандумот за реализација на ново вложување. Станува збор за компанијата „Етанол Јуроп“ од Ирска во соработка со компанијата „ДуПонт“ од САД ќе инвестираат во Македонија.
Станува збор за две реномирани компании кои имаат долгогодишно искуство и експертиза на светскиот пазар во хемиската, фармацевтската и земјоделската индустрија, како и во развојот на алтернативни и обновливи извори на гориво.
Компаниите ќе инвестираат во Мариово, прилепско. Отворањето на фабриката за етанол ќе значи целосно заживување на регионот, а проектот ќе и донесе на Македонија значителен економски раст особено во руралните средини, придонесувајќи со повеќе од 100 милиони евра годишен извоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања.
Изградбата ќе започне во 2016-та година, а проектните активности ќе стартуваат две години подоцна.
Ќе бидат вработени 1.000 лица директно, а ќе има уште толку индиректни вработувања.
