250 милиони евра за 1.000 работни места
Ирци и американци ќе прават бизнис во Македонија. Во мариовско ќе градат фабрика за етанол. Новата инвестиција ќе донесе илјада директни и уште толку индиректни врабоувања.

Инвестиција вредна 250 милиони евра треба да го заживее мариовскиот регион. Ирски „Етанол Јуроп Рењуевлс“ и американскиот „Ду Понт“ ќе градат фабрика за производство на целулозен етанол во прилепскиот регион. Ќе има 1000 директни и исто толку недиректни вработувања. Станува збор за реномирани компании со долгогодишно искуство и екпертиза во хемиската, фармацевската и земјоделската индустрија. Се очекува овој проект да донесе големи промени и придобивки за македонските земјоделци.
„Овој проект ќе и донесе на Македонија значителен економски раст, особено во руралните средини, потенцијално придонесувајќи со повеќе од 100 милиони евра годишен извоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања“, рече Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции.
Предходно првите челници на компаниите остварија средба со премиерот Никола груевски. Владата повеќе години работеше на овој проект, а економските промотори допринесоа вложувањата да станат реалност. Инвеститорите најавија голем бенефит за земјоделците. На околу 15 000 хектари ќе одгледуваат растенија кои ќе произвбедуваат јаглерод.
„Овој проект е единствен во светот и сега започнуваме една активност којашто ќе трае неколку години со цел овој проект да стане реалност,. Започнувајќи од 2016 години очекуваме да создадеме илјада директни работни места и исто толку индиректни работни места, вклучувајќи и постојан железнички сообраќај помеѓу Прилеп и Солун“, рече Марк Тарли, претседател на „Etanol Europe Renewabels“.
„Ду Понт е лидер во земјоделството и продуктивноста и добрата состојба на земјоделскиот сектор во целиот свет се многу важни за нас. Со овој проект тука ние можеме да ја потврдиме изводливоста на моделот за био-рафинерија на „Ду Понт“ и продобивките кои ги носи за руралната заедница“, рече првиот човек на „DuPont“ од САД, Јан Конинг.
Фабриката ќе почне да се гради за две години, а ќе заврши во 2018-тата. Прокетот предвидува изградба на био рафинерија со капицитет од 100 милионио литри , а прозиводството ќе биде наменето за светскиот пазар.
Викторија Тодоровска
