Путин во Белград: „Јужен тек“ е како љубовта

16.10.2014 19:32

Со невидени мерки за безбедност, биење на звоната по црквите во Белград, рускиот претседател Владимир Путин ја оствари третата официјална посета на Србија.Тој имаше официјални средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ. На средбите се разговараше најмногу за економската соработка, а потпишани се 9 меѓудржавни договори од областа на енергетиката, воено-техничката соработка, железничкиот сообраќај и проширување на безцаринскиот извоз на Србија во Русија.

Со невидени мерки за безбедност, биење на звоната по црквите во Белград, рускиот претседател Владимир Путин ја оствари третата официјална посета на Србија.Тој имаше официјални средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ. На средбите се разговараше најмногу за економската соработка, а потпишани се 9 меѓудржавни договори од областа на енергетиката, воено-техничката соработка, железничкиот сообраќај и проширување на безцаринскиот извоз на Србија во Русија. Еден од договорите се однесува и на взаемната заштита на тајност на информациите, за условите на престој и привилегиите и имунитетот на рускиот хуманитарен центар во Ниш.

По средбата, рускиот претседател Путин во изјавата се осврна на руските инвестиции во Србија, кои изнесуваат 3 милијарди долари, што треба да се зголемат, особено на полето на рускиот увоз на српски земјоделски производи. Тој се осврна и на гасоводот Јужен тек.

„Тоа е како љубов. Таа може да биде среќна само доколку и двајцата учесници на тој убав процес сакаат да ги продолжат односите. Не можеме сами да го градиме цевководот вреден повеќе милијарди долари, ако нашите партнери тоа не го сакаат. Политиката во овој случај и штети на економијата“, рече Владимир Путин,  претседател на Русија.

Путин додаде дека се надева да нема да има гасна криза годинава, но доколку Украина го земе рускиот гас, Русија ќе ја намали испораката на гасот.

Српскиот премиер Вучиќ го истакна договорот, со кој на Србија и е дозволено да ги извезува Фијатовите автомобилите од Крагуевац во Русија, како и на зголемување на увозната бесцаринска квота -особено за млечните производи.

„Србија е пријател на Русија и во тешки моменти. Србија нема да воведе санкции кон Русија“, рече Александар Вучиќ, премиер на Србија.

Во чест на 70 години од ослободувањето на Белград, Путин присуствуваше со домаќините на големата воена парада, на која учествуваа 4000 припадници на сите родови, ешалони и гардата на српската војска. Парадата заврши со авиоакробации на познатта руска авиогрупа-стрижи.

За посетата на Путин во Белград владее големо медиумско интересирање, за што говори податокоте дека за оваа посета се акредитирани околу 1000 новинари, сниматели и ТВ екипи од целиот свет, меѓу кои е и Македонската Телевизија.

За МТВ од Пресс центарот во Белград-Оливер Бранковиќ.