30 проценти повисоки субвенции за органско производство

17.10.2014 10:05

До 30 ноември трае пријавувањето за субвенционирање на органското производство. Еколошките земјоделци добиваат 30 проценти повеќе пари.

Органското производство се субвенционира со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, преработувачите трговците и извозниците, имаат и дополнителни 2 проценти од продадените производи максимум до 150.000 денари.

Половина од трошоците за сертификатот дека е органско производство ги покрива државата.

По 3.500 денари за хектар следуваат за одгледување треви за зелено ѓубриво или за земјиште оставено за плодоред.

За анализа на почвата, остатоци од пестициди и тешки метали во органските производи, субвенцијата е 70 проценти од трошоците, или до 9.000 денари по земјоделско стопанство.

Методија Трајков