Прогноза за изборите во САД: Републиканците ќе го освојат мнозинството во Конгресот и Сенатот

17.10.2014 10:27

Републиканците ќе освојат мнозинство во американскиот Конгрес и Сенат, се анализите пред изборите закажани за 4-ти ноември. Соодносот најверојатно ќе биде 233 конгресмени Републиканци и 200 Демократи. Трката за испразнетите 35 сенаторски места се уште е неизвесна, но прогнозите се дека Републиканците ќе освојат 8 места повеќе од Демократите и ќе имаат мнозинство и во Сенатот. Конзервативците ќе победат во јужначките држави, и некои држави на Средниот Запад.
 
„Ако Конкресот и Сенатот биде Републикански, мислам дека би било глупаво да се очекува нешто позитивно да произлезе од последните две години од мандатот на Претседателот Обама. Ситуацијата е уште полоша сега“, вели Томас Мен, аналитичар од Брукингс Институт.
 
Администрацијата во Белата куќа ќе се соочи со Републикански Конгрес и Сенат, што ќе создаде дополнителни проблеми при донесувањето на буџетот за 2015-та, законот за реформа на имиграцијата и други иницијативи на американскиот претседател Барак Обама. Надворешната полиотика стана тема на овие избори, особено справувањето со џихадистите од Исламската држава и еболата, што е критикувано од страна на Републиканците. Се очекува да има околу 40% одѕив на гласачите, па двете најголеми партии Демократската и Републиканската ги охрабруваат своите гласачи да излезат на гласање на 4-ти ноември.
 
„Имам 17 години, па се уште не можам да гласам, идната година. Економскиот раст е голема работа. Изминативе години беа тешки. Како што гледате Ед Геилесби има исти иницијали како економски раст, тоа мора да е знак“, вели американски државјанин.
 
Ќе се гласа и за местата на 29 гувернери Републиканци и 21 гувернер Демократ. Веројатно повторно гувернерите ќе бидат Републиканци иако постои шанса да бидат изедначени, 25 Републиканци и 25 Демократи. Неизвесноста негативно влијае на американските берзи, па Њујоршкиот Вол Стрит забелажа рекорден пад на акциите во последнава декада.
 
На 4-ти номеври Американците ќе гласаат за свои претставници во 48 сојузни држави за градоначалници. И главниот американски град ќе добие нов градоначалник.
 
Ирина Гелевска