Србија-Албанија-нов меч на неутрален терен?

17.10.2014 11:32

Реакциите околу прекинатиот натпревар во Белград меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија и натаму траат, а во фокусот на јавноста е каков ќе биде епилогот!На 23 октомври, УЕФА дефинитивно ќе се изјасни.Повеќе странски медиуми, повикувајќи се на извори блиски на Европската фудбалска унија „прогнозираат“ одигрување на нов натпревар на неутрален терен.Голема е веројатноста дека тој би се одиграл без присуство на публика, со што нови можни инцидентни ситуации би се свеле на минимум.Би започнал од првата минута, а не од 41-та кога судијата Еткинсон од Англија во Белград го прекина ме

Реакциите околу прекинатиот натпревар во Белград меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија и натаму траат, а во фокусот на јавноста е каков ќе биде епилогот!На 23 октомври, УЕФА дефинитивно ќе се изјасни.Повеќе странски медиуми, повикувајќи се на извори блиски на Европската фудбалска унија „прогнозираат“ одигрување на нов натпревар на неутрален терен.Голема е веројатноста дека тој би се одиграл без присуство на публика, со што нови можни инцидентни ситуации би се свеле на минимум.Би започнал од првата минута, а не од 41-та кога судијата Еткинсон од Англија во Белград го прекина мечот.

Инаку, во УЕФА во тек постапката покрената против фудбалските федерации на Србија и Албанија. Федерацијата на Србија се „товари“ за навивачки нереди,фрлање на предмети од трибините, влегување на навивачите на терен, лоша органицација. Федерацијата на Албанија е на тапет за одбивање да го продолжи натпреварот и за прикажување на транспарент со незаконска содржина.