Македонија доби 400 милиони долари од Светска банка

17.10.2014 11:41

Главни приоритети во стратегијата е намалување на невработеноста, поддршка на економскиот развој, зголемување на конкурентноста...

Бордот на извршни директори на Светска Банка денеска ја разгледуваше новата стратегија за партнерство со Македонија, за париодот 2015 – 2018 година, со која на земјава ќе и стават на располагање 400 милиони долари во наредните четири години.

Главни приоритети во стратегијата е намалување на невработеноста, поддршка на економскиот развој, зголемување на конкурентноста, подобрување на бизнис – климата, привлекување нови инвестиции и зголемување на извозот, подобрување на вештините на пазарот на трудот, како и кроење политики со цел посиромашните да имаат корист од економскиот раст.

Од банката објаснуваат дека Македонија води мудри макроекономски политики и дека во време на криза, успеала да оствари раст на бдп и да зголеми вработеноста.