Почнува научниот симпозиум „Денови на Јустинијан Први“

17.10.2014 12:52

Почнува меѓународниот научен симпозиум “Денови на Јустиниан Први”кој претставува годишен интердисциплинарен форум за презентација на најновите истражувања, проследени со дискусија за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа европа.

Mеѓународниот научен симпозиум, кој годинава го има своето второ издание, e во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, а се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и во партнерство со Италијанската амбасада во Република Македонија.

На свеченото отворање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет на Симпозиумот, како и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.