Во Украина протести поради бруталниот напад врз новинарката Чорновол
Стотици Украинци излегоа на протести пред Министерството за внатрешни работи во Киев за да бараат оставка од министерот за внатрешни работи Виталиј Зaхаренко. Причина за тоа е бруталниот напад врз новинарата Татјана Чорновол којашто за опозициска интернет страница објавуваше написи за корупција во највисоките владини кругови.
„Дојдов овде пред се бидејќи сум новинар. Штета е што имаме такви проблеми со слободата на говор во нашата земја. Се случуваат ужасни работи, а пример за тоа е она што и се случи на Татјана Чорновол“.----- изјави граѓанин

Дел од демонстрантите сметаат дека зад нападот стојат безбедносните служби. Во меѓувреме, претседателот Јанукович одржа средба со членовите на неговата партија при што се зарече дека неговата влада нема да дозволи натамошни немири.
Турскиот премиер Ердоган смени 10 министри од својот кабинет како последица на големиот корупциски скандал што ја потресе земјата, и поради кој тројца министри си поднесоа оставки.
„Драги пријатели, ќе има 10 промени во актуелниот владин кабинет. Што се однесува до промените тие ќе бидат донесени до крајот на месецов“.----изјави турскиот премиер Ердоган
Во телевизиско обраќање рече дека тој и неговите сојузници се вистинската цел на истрагата по повод скандалот и додаде дека обидот неговото име да се поврзе со аферата нема да вроди со плод. Турските власти приведоа десетици луѓе блиски до премиерот, и сменија уште 70 полицајци поради злоупотреба на службената должност. Официјално се обвинети 24 лица.
Нема одлагање на предвремените избори во Тајланд закажани за 2 февруари. Тајландската влада го отфрли повикот на Изборната комисија за одложување и покрај кризата во земјата којашто трае со недели. Комисијата смета дека во вакви услови во какви што се наоѓа земјата е невозможно да се одржат слободни и праведни избори. Во последните судири меѓу полицијата и демонстрантите загина еден полицаец, а 97 лица се повредени. Тајландските граѓани се против избори бидејќи сметаат оти премиерката Шинаватра, од којашто бараат оставка, ќе освои уште еден мандат.
Потрошувачка треска во Велика Британија поради големите божикни попусти. Продавниците се отворени од изутрината, а купувачите чекаат во редици да купат поевтини производи.
„Дури и големите брендови велат „имаме попусти, дојдете и потрошете ги парите кај нас пред да ги потрошите на друго место“.---изјави купувач
Купувачите се задоволни, бидејќи ,како што велат, продавниците нудат производи по пристапни цени за сите.
Марина Автовска