„Здравјето е избор“- нова кампања на Владата за подигнување на јавната свест за здравата исхрана и здравиот начин на живот

17.10.2014 15:13

Под мотото „Здравјето е избор“ започнува кампањата за подигнување на јавната свест за корисноста од здравата исхрана и здравиот начин на живот, како и применување на физичка активност...

Владата најави кампања за подигнување на јавната свест за корисноста од здравата исхрана и здравиот начин на живот.

Под мотото „Здравјето е избор“ започнува кампањата за подигнување на јавната свест за корисноста од здравата исхрана и здравиот начин на живот, како и применување на физичка активност.

Премиерот Никола Груевски истакна дека преку оваа кампања, Владата сака да ја подигне свеста кај луѓето на повисоко ниво и додаде дека во Македонија има доволен избор на здрава храна која му е потребна на организмот, а може и да се спортува без поголеми трошоци.

Дебелината, премиерот Груевски исто така ја посочи како глобален проблем кој е пристигнат и во Македонија. Лошата исхрана и недоволната физичка активност придонесуваат за зголемена или прекумерна телесна тежина.

Во Македонија 60,5 отсто од мажите и 47, 8 отсто од жените над 20 години односно 52,8 од вкупното население имаат зголемена телесна тежина, а околу 20 отсто имаат прекумерна телесна тежина. Овој проблем се јавува и кај децата, а главен причинител за тоа е употребата на брза храна.

Груевски порача да се практикува редовна физичка активност за подобрување на здравствениот и имунолошкиот систем.