Иванов: Регионот има портреба од поголема комуникација

17.10.2014 15:47

Претседателот Ѓорге Иванов учествува на форумот „Кран Монтана“, во чиј фокус е глобалната закана од тероризмот.Предвидено е Иванов да се обрати на сесијата „Национална и глобална безбедност“, на тема „Безбедноста на новата европска бизнис дестинација, Балканот и глобалната безбедност“. На маргините на форумот, синоќа средба на претседателите на Македонија и на Црна Гора. Било разговарано за состојбите во регионот...

„Настани кои треба да обединуваат, да не се користитат за ширење недоверба и несигурност“ - апел од македонскиот и од црногорскиот претседател, Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ, по нивната средба на маргините на форумот „Кран Монтана“ во Женева за последните случувања поврзани со фудбалскиот натревар меѓу Србија и Албанија во Белград.

Шефот на македонската држава вели дека регионот има потреба од поголема комуникација за полесно да се надминат недоразбирањата и побрзо да се стигне до целта – членство во Евро-атланските институции.

„Одредени настани не загрижуваат затоа што создаваат кај луѓето се поголема несигурност и затоа еве имаме апел – сите настани кои се во прилог на регионот да се користат во ширење на довербата и стекнување што поголема соработка меѓу народите кои живеат на балканот затоа што очекуваме заедничка иднина, сите очекуваме еден ден да сме во Европската унија, во НАТО, каде што ќе ги почитуваме сите стандарди кои важат и за Европската унија и за НАТО“, изјави претседателот Иванов.  

Стабилен регион, подобар економски развој – согласни се Иванов и Вујановиќ.

„Во заеднички интерес ни е и регионот да биде стабилен, тука во женева сме на форумот кран монтана на кој има панел посветен на Балканот. Ние како држави сме посветени да ја афирмираме одличната соработката во функција на стабилноста на регионот која е и основа за економски развој на регионот“, вели претседателот Филип Вујановиќ.

Кога станува збор за директните односи меѓу двете земји, нема спорни точки. Има потреба да се подобри сообраќајното поврзување и заемната афирмација на туристичките вредности на Црна Гора и на Македонија.

Иванов и Вујановиќ велат дека пријателските односи меѓу двете земји можат да бидат добар добар пример и за другите во регионот. За нив, мирен Балкан значи и поизвесна иднина за младите. Пораките ќе ги испратат попладнево на сесијата за балканот на форумот „Кран Монтана“во Женева.

 

Стојан Трпчевски, специјален дописник од Женева за МРТ