„До Балчак“ премиерно во Скопје
17.10.2014 16:01
Приказна од дивиот исток, Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Сурова но романтична приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација...

По долго очекување на публиката и критиката, македонскиот филм „До Балчак“ на култниот Столе Попов утре премиерно ќе биде прикажан во Кино Милениум. Приказна од дивиот исток, Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Сурова но романтична приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација.
Слободата, правдата, љубовта и предавствата се доживеани низ силни емоции што допираат „До Балчак“.
Сашко коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски се само дел од актерската фела која игра во ова филмско остварување, велат неповторливо искуство и доживување.
По „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „Среќна нова 49-та“, уште едно филмско остварување на Столе Попов, чии филмови се прераскажуваат во чаршиските кулоари, а филмските реплики се неразделив дел од скопскиот маалски речник.
По утрешната премиера, филмот „До балчак“ ќе биде на редовнит репертоар на Кино Милениум.
Александра Перевска
