Шкендија и Вардар ветуваат фудбал и ништо повеќе!
Натпреварите меѓу Шкендија и Вардар секогаш се повеќе од обични. Првенствениот в недела во Тетово, ќе биде од висок ризик, па Фудбалската федерација на Македонија, апелира да се почитува играта во секој сегмент и дека на теренот и на трибините нема место за национализам, насилство и вандализам.

И во двата клуба се согласни со ваквите препораки, па ќе ја почитуваат одлуката да нема гостински навивачи иако фудбалот се игра за публиката. ФФМ која најави дека нема да има толеранција за никакви пароли со политичка конотација, доби гаранција од клубовите дека нема да има никакви проблеми и в недела и в среда во реванш осминафиналниот куп дуел.
Вардар е единствената непоразена екипа во Првата лига, па амбицијата на Шкендија е да ја преполови предноста на лидерот којашто во моментов изнесува шест бода.
Преносот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 14 часот и 30 минути, додека во истиот термин в недела ќе играат и Силекс – Металург и Брегалница - Тетекс.
На програмата од 11 коло, утре ќе бидат два меча: Работнички - Ренова и Пелистер - Хоризонт Турново.