Фудбал – УЕФА

Србија – Албанија вторпат, но пред празни трибини!?

17.10.2014 16:02

Иако УЕФА најави дека казните по инцидентот во Белград ќе ги донесе и објави на 23 октомври, српските медиуми тврдат дека Европската куќа на фудбалот нема да и овозможи службени три бода на ниту една репрезентација, затоа што тоа би било награда, а  не казна..

Многу извесно е дека натпреварот ќе се преигра и тоа од првата минута пред празни трибини, а дилемата е дали повторно на „Стадионот на Партизан“ или на неутрален терен, што е поверојатна опција.

УЕФА покрена дисциплинска постапка против српската федерација по пет точки, а против албанската по две, но тие се со посериозно елементи поради вмешување на политика во фудбалот.