Протести за струја

26.12.2013 17:30

И градоначалникот на Чаир остана без струја откако неколкумина насилно влегле во трафостаница за да ја пуштат. Наместо тоа ги исклучиле и нивните соседи.

Граѓаните кои неколку дена протестираат кај Бит Пазар и на пластичарска велат дека некои немаат струја десет дена, а некои 24 часа. Според нив ЕВН имаат право да ги тужат, а не  да им ја исклучуваат струјата.

Улиците и денеска блокирани. Продолжи протестот на граѓаните кои немаат струја.

Не може во маало поради двајца-тројца што не платиле струја сите да страдаат. Бараме од ЕВН да ни пуштат струја, на ова студено не можеме да издржиме, имаме деца, има стари луѓе. Дрва немаме, со што да се грееме. Го блокираме патот за да разберат тие.Ако не ни пуштат струја ќе преземеме и други мерки. И ако не сум платил струја, нема право да ми ја исклучи – велат граѓаните.

Иако во тој реон има многу нелегални приклучоци, граѓаните немаат струја поради дефект на трафостаницата, а не поради исклучување, велат од ЕВН. Апелираат да се смират страстите.

Денеска беа задржани  двајца наши работници од оние што протестираа на пластичарска, благодарение на полицијата тие се ослободени, извлечени. изјави Атанас Ковачевски – портпарол на ЕВН Македонија.

Од СВР Скопје велат дека кај нив било пријавено оневозможено поминување на екипа на ЕВН и оти не станувало збор за извлекување и спасување.

Наташа Јанчиќ