Кои се компаниите што ќе инвестираат во Мариово?
„ДуПонт“ има добиено бројни награди и признанија за својата работа ширум светот, а се наоѓаат и на листата на 50 најценети компании во светот, на листата на 100 најиновативни компании...

„ДуПонт“ со седиште во Далавер е светски лидер на пазарот и една од најголемите 6 биотек компании во светот. Експерти се за повеќе индустрии и имаат седишта во 90 земји. Преку иновации воведува илјадници нови производи во земјдолеството, исхраната, транспортот.
„ДуПонт“ има добиено бројни награди и признанија за својата работа ширум светот, а се наоѓаат и на листата на 50 најценети компании во светот, на листата на 100 најиновативни компании.
Во 2013-та година била прогласена како најдобро место за работа од страна на „Тhe scientist“. Нивно мото е дека може да обезбеди доволно здрава храна за луѓето насекаде во светот, да се намали зависноста од фосилните горива и заштита на луѓето и на животната средина за идните генерации.
„Етанол Европа“ е можеби најпознат по своите 280 милиони литри етанол од пченка , произведуваат и 160.000 тони високопротеинска сточна храна, 5.000 тони масло од пченка.
Компанијата користи затворен систем за производство, со што се намалува количината на отпаден материјал, а се прочистува водата и повторно се употребува за производство.
„Пелагонија етанол“ е проектот кој во Македонија предвидува да се одгледуваат растенија за производство на енергија, како и прехранбени растенија на површина од околу 20 илјади хектари на напуштено земјиште во Пелагонија и Мариово.
Проектот во прилепско предвидува изградба на современа биорафинерија со капацитет од 100 милиони литри, а производството ќе биде наменето за светскиот пазар.
Вкупната инвестиција за период од пет години ќе изнесува над 250 милиони евра и ќе се креираат 1.000 директни вработувања. Градбата на фабриката би започнала во 2016-та и би завршила за две години.
Викторија Тодоровска
