Информираноста е најдоброто оружје против трговијата со луѓе

17.10.2014 17:31

Во фокусот на одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, трудовата експлоатација...

Градежни работници во Русија страдаа заради Олимпијадата. Експолатација на фарма за печурки во Холандија, злоупотреба на работници на полињата со аспарагус во Чешка, нехумани услови за работа при производство на домати во Италија, крвави јагоди во Грција. Ова се само дел од местата каде не се почитуваат луѓето. Им се експлоатира нивниот труд. Кампањите и проектите се добредојдени за студентите да ги увидат опасностите и последиците од трговијата со луѓе.

Македонија е препознаена како земја на потекло, дестинација и транзит во делот на екплоатацијата. Присутни се сексуалната, трудовата , питачењето  и принудните бракови. Во 2013-та се откриени 15 жртви на трговија со луѓе.

„Најдоброто оружје во борбата против трговијата со луѓе е добрата информираност“, вели Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи.

Македонија во последните неколку години направи измени во заштитата на малолетната полулација и ја заостри казнената политика поврзана со трговија за луѓе и илегална миграција. Меѓународната мрежа „Ла страда Интернационал“ со партнерските организации ширум Европа се залагаат владите да ги ги засилат меѓународните закони за превенција, санкционирање и обештетување на настраданите.

Компаниите да бидат претпазливи да ги засилат контролите  на сиџирите за набавка. 

 

Наташа Гркова – Петрушевска