Пелагонија: Пролонгирана есенската сеидба
Влажните пелагониски полиња за 20-сетина дена ја одложија есенската сеидба. Се сее само на најподготвените површини. Оптималните рокови сигурно ќе бидат пробиени, До кога ке биде завршен есенскиот сеидбен план зависи од временските услови во идниот период...

Наместо да финишира, еснската сеидба во нашата најголема житница сеуште е на самиот почеток. Зголемената влажност и каливите површини не дозволуваат да се соберат дел од пролетните култури а кмоли полињата да се подготват за следната земјоделска операција.
„Почвата е премного влажна сееме само на песокливите површини, се надеваме дека ќе не послужи времето и она што е планирано ќе го посееме вели“, земјоделецот Славчо Марковски.
„Обилните дождови си го направија своето. Се надевам дека во следниве денови сеидбата ќе добие на интензитет“, вели земјоделецот Живко Милошевски.
Пелагониските заемјоделци велат дека есенскиот сеидбен план може да се исполни само доколку временските услови во следниов период бидат сујузник.
Во битолскиот дел на Пелагонија предвидено е да бидат засени окулу 20.000 хектари под есенски култури. Засега едно е јасно оптималните рокови ке бидат пробиени а којку ке биде исполнет планот зависи пред се од времето.
Искусните земјоделци паметат години кога се сеело и до првата полвина од Декеври. Но, доколку настанат доплнителни компликации од сојузот на земјоделците повикуваат на солидарност а од агенцијата за потикнување на развојот на земјоделито да се користат советодавните услуги на нивните експерти.
„Тогаш солидарноста мора да дојде до израс односно оние кои заселе да му помогната со механизацијата на они што ќе се најдат во покритична состојба“, вели Велјо Танатаров преседател на Сојузот на Земјоделците.
„Превентивно секогаш препорачуваме користење на фунициди затоа што зголемена влага во почвата и воздухот се идеални условиза појава на болести“, вели директорот на АПРЗ, Игор Златков.
Само со хармонизирани агротехнички мерки моше да се дојде до посакуваните приноси. Вквата соработка ја докаќжа и минатата жетва во која Пелагонија учествуваше со просечни приноси од над три и пол тон пченица по хрктар. Според годинешниот сеидбен план на ниво на држава се очекува да бидат засеани околу 100.000 хектари под пченица и 50-тина со јачмен.
Стевче Митревски
