Првиот прволигашки меч сезонава во Штип на МРТ!
Од оваа сезона, во Штип ќе се игра кошарка и во најквалитетната македонска кошаркарска лига. Екипата на Гоце Делчев ќе дебитира пред својата публика во Првата лига со дуелот против Карпош Соколи. И двете екипи во првото коло славеа на гости, Штипјани во Скопје против Водњански лисици, а тимот од Карпош го изненади Кожув. Преносот од овој натпревар ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 20 часот.

Утре во второто коло уште ќе играат и нашите претставници во БИБЛ конкуренцијата, Куманово и Кожув, потоа Водњански лисици – Работнички и Фени Индустри – Струмица.
Слободен е МЗТ Скопје Аеродром кој утревечер во 21 часот во рамките на АБА лигата го пречекува унгарски Солнок со пренос на МРТ собранискиот сервис.