Македонија во акција – здрава храна столб на здраво население

17.10.2014 18:55

Во земјава почна нова кампања под мотото „Здравјето е избор“. Треба да ја подигне јавната свест за потребата од правилен начин на исхрана и поголема физичка активност...

„Здравјето е избор“ кампања за подигнување на јавната свест за консумирање здрава храна и здрав начин на живеење. Со едукативен пристап Владата иницира промена во начинот на исхрана, нов животен стил со повеќе физичка активност – помалку продукти што предизвикуваат зголемена телесна тежина. Зголемен е бројот на крадиоваскуларни болести, дијабет 2, канцер на дебелото црево – 80 насто смртни случаи  предизвикани од лошата исхрана.

„Избегнување на употреба на здрава храна но и на недоволно практикување на физички вежби и рекреација за подобрување на здравјето- овие факти според сите светски истражувања придонесуваат за зголемување на стапките поврзани со влошување на здравјето, кардиоваскуларните болести, дијабет од тип 2, некои видови на канцер...“, изјави премиерот Никола Груевски.

Кампањата во која се вклучени и медицински тимови, спортистите и училиштата треба да помогне да се споделат фактите, да се насочат луѓето кон здрав начин на живот. Премиерот вели, преку специјалниот комитети за здравје се скенираат проблемите се споведуваат скрининзи за дијабет, канцер дебело црево се креираат политиките за превенција. 65 насто од мажите, 35 насто од жените имаат проблем со дебелината. Македонија во акција – здрава храна столб на здраво население.

„Во насока на придобивките сакам да потенцирам дека физичката активност предизвикува и одредени социјални придобивки, како зголемена продуктивност на работното место“, нагласи министерот за здравство Никола Тодоров.

Македонија има доволен избор на здрава храна, овошје, зеленчук, житарки протеини за поквалитетен и подолг живот. Да не дозволиме од брза храна и неправилен начин на внесување да се зголеми бројката на деца со прекумерна тежина и дијабет два - апелираат докторите.

„Ризикот од нарушување на гликозната толеранција веќе го гледаме, веќе имаме тип-2 дијабет кај деца кои не се стигнати ниту до адолесценција“, изјави д-р Мирјана Кочкова од Универзитетската Клиника за детски болести.

Модерното време носи болести кои не бираат пол, возраст и националност – правилна исхрана и спортски активности се рецептот за подолг живот подршка и од спортистите.

„Оваа кампања не е изолирана активност на Владата, туку напротив е надополна на сеопфатниот системски пристап кој го применува во оваа сфера со активности и реформи што се спроведуваат на секое ниво“, нагласи премиерот Груевски.

Кампањата е палета од активности – телевизиски и радио спотови, веб банери, пи-ар стратегија, меда план. Ќе чини околу 460 илјади евра. 

Сузана Фиданска- Стоевска