Почнува изградбата на ТИРЗ Виница и Берово

18.10.2014 11:22

Целта на основањето на зоните е создавање можности за привлекување инвестиции, отворање работни места и обезбедување рамномерен локален економски развој.

Со поставување камен темелник денеска ќе почне изградбата на технолошко индустриските развојни зони кај Виница и Берово. 
 
ТИРЗ Виница е лоцирана во месноста Поповец на оддалеченост од 5 километри од градот, а ќе се протега на површина од 20 километри.  ТИРЗ Берово, пак, ќе се гради кај патот Берово – Дабиле, на површина од 17 хектари.
 
Целта на основањето на зоните е создавање можности за привлекување инвестиции, отворање работни места и обезбедување рамномерен локален економски развој. 
 
Владата донесе одлука за основање на ТИРЗ Виница и ТИРЗ Берово во јули годинава.