Фудбал:

Дерби Шкендија-Вардар

18.10.2014 12:45

Фудбалско Тетово одново е на нозе. Утре следи ново излегување на мегдан на Шкендија и Вардар. Ќе играат двата главни претенденти за титулата. Тоа се клубовите, кои најмногу инвестираа пред почетокот на првенството, чии резултатски цели се истоветни:освојување на шампионските пехари.Така и маршираат на натпреварувачкиот пат. Чекорот на Вардар засега е посигурен.

Фудбалско Тетово одново е на нозе. Утре следи ново излегување на мегдан на Шкендија и Вардар. Ќе играат двата главни претенденти за титулата. Тоа се клубовите, кои најмногу инвестираа пред почетокот на првенството, чии резултатски цели се истоветни:освојување на шампионските пехари.Така и маршираат на натпреварувачкиот пат. Чекорот на Вардар засега е посигурен. Со серијата победи, без ниту еден пораз досега, неприкосновен лидер е на табелата.Еден од главните резултатски „трофеи“ во изминатите десет кола е победата над Шкендија со 3:0, остварена во првиот првенствен круг во Скопје.Така „вардарци“ играа и во другите тешки дуели со Металург,Работнички,Пелистер!Ќе ја задржат ли самодовербата и натпреварувачкиот карактер и утре. Пред извесно време, прв пат есенва поразени го напуштија стадионот во Тетово.Беа поразени од Шкендија во Купот на Македонија со 2:1.Оваа победа е само еден од многуте мотивирачки моменти за Тетовчани во утрешната битка.Клучниот е намалување на бодовната предност на Вардар, што би значело многу порамноправна трка за титулата.На голем испит е и Ардијан Кознику, новиот стратег на Шкендија, кој токму против Вардар ќе настојува да го потврди својот тренерски потенцијал.Положани,Митрев,Вручина,Бериша,Кировски на едната страна!Глигоров,Гроздановски,Деспотовски,Петковски,Хамбарџумјан на другата!Доволно, утрешното надигрување да се прогласи за големо фудбалско дерби!

Ќе биде ли и целокупниот амбиент во Тетово на рамништето на спортско дерби!!Ова се натпревари, кои со години наназад поттикнуваат страсти.Најразлични, а најчесто  страсти кои што немаат допирна точка со спортот. Не им беше дозволен организиран пристап на „Шверцерите“ на Филип Втори Арената, недостапен ќе биде и Градскиот стадион во Тетово за „Комитите“. Ова е одлука на ФФМ во согласност со раководствата на двата клуба.Интенција е да можностите за каков и да било конфликт да се сведат на минимум! Ова е исклучително специфичен момент полн  со набој, особено по настаните во Белград.Гледаме дека многу малку треба за да се повампират страстите,но уште  помалку треба и за да се издигнеме над нив. Доволно е само да зачекориме на стадионот во Тетово, со убава мисла и со желба да уживаме во спортскиот натпревар.